Фереира: Шкендија е силен тим, но ние нема лесно да се предадеме

Претставникот на Луксембург, тимот на Дуделанж, е вториот ривал на Шкендија ова европско лето, прв во квалификациите на Лигата на Европа. По две неуспешни епизоди во Македонија, но во подалечното минато, Дуделанж се надева на „трета среќа“ и на успех против Шкендија. Тренерот Емилио Фереира изрази респект за македонскиот првак, но верува дека неговиот тим може да остане непоразен во Скопје.

„Секој европски предизвик носи и нова надеж дека можете да се пласирате во следното коло. Шкендија е квалитетен тим, ги респектираме, но и веруваме дека можеме да одиме понатаму. Минатата сезона бевме навистина успешни и би било фантастично ако повториме таков подвиг. Но, сега имаме многу промени во тимот и сме подмладени. Ќе се обидеме, веруваме дека можеме да останеме непоразени на утрешниот меч во Скопје“, изјави тренерот на Дуделанж, Емилио Фереира.

 

Се вчитува...