Фергусон доби статуа во Абердин (ФОТО)

Славниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон, во Абердин, во знак на благодарност за се што постигнал со овој клуб, доби своја статуа.

На свеченоста на стадионот Питодри, заедно со првиот човек на Абердин, Дајв Кормарк, присуствувал и сер Алекс. Тие двајца заедно ја откриле статуата која ја дизајнирал Еди Едвардс.

„Ова е голема чест. Секогаш ќе се сеќавам на периодот во Абердин. Работев со извонредна група на фудбалери, која тренирајќи сакаше да се искачи и на Месечината. Желбата да сакате да победите повеќе од другите е она што ќе ви донесе успех“, рекол 80-годишниот Фергусон.

Славниот Шкотланѓанец го предводеше Абердин од 1978 до 1986 година. Во тој период успеа да ја прекине доминацијата на Глазгов Ренџерс и Селтик во шкотскиот фудбал. Освоил вкупно 11 трофеи, три пати бил шампион на Шкотска (1980, 1984, 1985).

Најголем успех му е трофејот во Купот на победниците на куповите. Абердин во 1983 година, во финалето со 2-1 го победиле Реал Мадрид.

Се вчитува...