Сер Алекс Фергусон се пензионираше во 2013 година, но и ден денеска заработува вистинско богатство. Фергусон најголемиот дел од својата тренерска кариера го мина во Манчестер Јунајтед со кој освои се што можеше, а во 2013 година на крајот од сезоната ја растажи фудбалската јавност кога објави дека се пензионира.
Еден од најдобрите тренери на сите времиња денес ужива во пензија, но Фергусон дополнително покажа и дека одлично му оди што се однесува до бизнисот. „Сан“ објави дека Фергусон и денеска за една недела заработува како најдобар играч во англиската Премиер-лига. Има удел во неколку познати компании кои му донеле богатство откако се пензионирал.
Алекс заработува богатство околу 40 милиони фунти, а е зголемено за речиси десет милиони фунти во однос на 2021 година. Како што пишуваат англиските медиуми, Фергусон освен што инвестира во одредени компании, продолжува да заработува и од продажбата на својата автобиографија која ја објави неколку месеци по завршувањето на тренерската кариера.
Книгата се уште се продава многу добро, што ретко кој можеше да го очекува. Како што објави „The Sun“, Фергусон и понатаму инкасира 235.000 фунти неделно, што воопшто не е лошо за пензионер. Фергусон извесно време е и консултант во Манчестер Јунајтед, заработувајќи околу 100.000 фунти годишно за држење мотивациони говори на различни семинари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

