Манчестер јунајтед ја претстави новата гарнитура дресови за сезоната 2017/2018. Се работи за сив комплет кој неодоливо потсетува на оние дресови што ги носеа фудбалерите на Манчестер јунајтед во сезоната 1995/1996 и сигурно нема да му се допадне на поранешниот менаџер Алекс Фергусон.
За овие дресови на Манчестер јунајтед врзана е една интересна приказна.
Во овие фамозни сиви дресови, Манчестер ј. играше против Саутемптон и загуби со 3-0 во април 1996 година.
„Играчите не можеа да се снајдат во овие дресови, после ми кажаа дека им било тешко да ги видат соиграчите“ – рече Алекс Фергусон после тој натпревар.
Фергусон од раководството на клубот веднаш побарал да ги заменат овие дресови, па во наредниот период резервната варијанта дресови на Манчестер јунајтед беше во сина боја.
Дали и Жозе Мурињо по примерот на Фергусон ќе бара повлекување на новите дресови или Манчестер јунајтед сепак ќе остане во сива варијанта, останува да видиме во текот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА