Алекс Фергусон: Ливерпул и Манчестер Сити се многу доминантни

Легендарниот Сер Алекс Фергусон ги издвои Ливерпул и Манчестер Сити како главни фаворити за титулата во Премиерлигата, истакнувајќи дека задачата за другите клубови е исклучително тешка.

Сепак, сега Арсенал, Астон Вила и Тотенхем се блиску до врвот, но тој кажа дека нема шанси некој од овие да ја освои титулата, особено не Тотенхем.

„Тотенхем последен пат беше шампион во 1961 година, а тоа е многу одамна. Во денешно време задачата на останатите тимови е многу тешка, затоа што Ливерпул и Манчестер Сити се многу моќни. Дури и во Манчестер Јунајтед мора сериозно да се борат за да ги стигнат“, рече 82-годишниот поранешен стратег на „Црвените ѓаволи“.

Запрашан дали може Тотенхем да заврши на првото место, Ферги одговори со „Нема шанси“.

Се вчитува...