Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, го водеше тимот од Олд Трафорд од 1986 до 2013 година. Низ него имаат поминато многу играчи кои подоцна направиле славни кариери, но исто така имаше и неколку промашувања.
Фергусон беше гостин на здружението на менаџерите, а призна дека најголемо промашување во кариерата му било Ралф Милне. Милне во 1988 година за 170.000 фунти од Бристол Сити, дојде во Манчестер.
„Мојот најлош потпис? Ралф Милне. Го платив 170.000 фунти, и натаму ме критикуваат поради него“, изјави Фергусон.
Тој постигна само три гтола во 22 натпревари во првата сезона. Остана уште една година, а потоа беше отпуштен од клубот. Во 1991 година заврши со кариерата, а во 2015 година почина од болест на црниот дроб. Имаше проблеми со алкохолот.
Фергусон го спомена и Ерик Џемба-Џемба. Камерунецот од Нант дојде во Јунајтед за четири милиони евра во 2003 година. Требаше да биде замена за Рој Кин, но беше само негова бледа сенка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА