Здравствената состојба на Сер Алекс Фергусон значително се подобрила во изминатите 24 часа, па големиот фудбалски стратег веќе почнал и да комуницира со своите најблиски во болницата „Салфорд ројал“. Тој беше опериран по претрпениот мозочен удар, првите прогнози не беа најпозитивни, но Сер Алекс по се изгледа го мина најлошото.
Како што јавува весникот „Дејли мејл“, тој не само што е разбуден од кома, туку и без проблеми комуницира со семејството. Ова се максимално позитивни и охрабрувачки вести дека екс-стратегот на Манчестер јунајтед ќе успее да ја добие и оваа битка.
„Начинот на кој 76-годишниот Фергусон реагираше на првите третмани ги охрабрува неговите најблиски. Во секој случај, тие се свесни дека патот до целосната рехабилитација ќе биде долг и бавен“ – пишува британскиот весник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА