Фергусон се бори за живот, се уште има излив на крв од мозокот

Здравствената состојба на Сер Алекс Фергусон е загрижувачка, па трофејниот стратег се уште се бори за живот во клиника во Манчестер, каде врз него во текот на вчерашниот ден беше извршена операција. Прославениот тренер претрпе мозочен удар и веднаш беше опериран, но лекарите не се оптимисти околу неговата состојба.

Како што јавуваат британските медиуми, кај Сер Алекс се уште се излива крв во пределот на мозокот, а докторскиот тим час поскоро ќе донесе одлука за следните чекори што ќе бидат преземени во борбата за неговиот живот. Неговата сопруга Кети и синовите Марк, Дарен и Џејсон ја минале ноќта во болница, а Сер Алекс најпрвин бил ставен во индуцирана кома. Сепак, дел од медиумите пишуваат дека состојбата не е најдобра.

Не се сигурни дека ќе преживее, но се обидуваат да останат оптимисти. Се надеваат дека неговиот борбен дух уште еднаш ќе победи. Фудбалскиот свет е погоден бидејќи се се случи изненадувачки, тој беше со добро здравје, полн со сила и елан, а тоаш се случи шок“ – изјави близок пријател на семејството Фергусон.

Се вчитува...