Тони Фергусон очигледно не сака да молчи, па со серија напади се нафрли на Хабиб Нурмагомедов кој со победата против Конор Мекгрегор ја одбрани УФЦ шампионската титула.
Фергусон и Нурмагомедов треба да се соочат во 2019 година… Но, Фергусон уште сега почна со провокациите кои треба да ја загреат атмосферата за тој меч, навредувајќи го и порачувајќи му дека всушност тој е вистинскиот шампион.
„Се обидов да бидам културен со тебе, но ти се една обична ку..а. Слушам дека си сакал да се бориш со Мејведер. Но, ти не би можел да се бориш ниту против плишана играчка. Ти само продолжи да глумиш, а мене фановите и онака многу повеќе ме сакаат. Јас сум вистинскиот шампион во овој спорт и во оваа дисциплина мајмуне“ – му порача Фергусон на Нурмагомедов.
Фергусон последниот меч го имаше ноќта кога Хабиб го доби Конор. Тони во фантастичен меч го нокаутираше Ентони Петис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА