„Фергусон за инает на Реал го нудеше Кристијано на Барса“

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, во интервју за „Ал Мајаден“ говореше за тешките преговори со Манчестер Јунајтед за доведување на Кристијано Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“. Калдерон беше претседателот што го вети и го оствари мегатрансферот на португалскиот ас, а главен проблем му било противењето на Сер Алекс Фергусон, кој за инает на Реал го нудел Кристијано на лутиот ривал Барселона.

„Беше тешко да се постигне договор со Манчестер Јунајтед, што е нормално бидејќи не сакаа да го загубат својот најдобар фудбалер. Алекс Фергусон го блокираше трансферот колку што можеше, пред се бидејќи никогаш не го сакал Реал Мадрид. Тој гледаше на нашиот клуб како на голем ривал, освои бројни титули, но му беше јасно дека секогаш ќе има помалку трофеи од Реал. Токму затоа го понуди Роналдо на Барса, во таборот на каталонскиот гигант беа пресреќни, но за нас најважно беше што Роналдо имаше огромна желба да дојде кај нас. На крајот тоа се покажа како клучен фактор“, изјави Калдерон.

Се останато е историја – Португалецот експресно се наметна како лидер на „кралевите“, клуб со кој освои четири титули во Лигата на шампионите, две во Ла Лига и исто толку во Копа дел реј.

Се вчитува...