Поранешниот македонски репрезентативец и екс член на Шкендија, Ферхан Хасани се врати во Данска, и во следните две години ќе го носи дресот на второлигашот Хелсингор.
Хасани играше две сезони во Данска, во дресот на Бронби, и добро му се познати условите во оваа земја. По завршувањето на минатата сезона се одлучи да ја напушти Шкендија каде што беше голем дел од својата кариера.
Договорот на Хасани го потпиша на две години, и тој ќе биде вториот играч во ова првенство после Сефер Емини кој настапува во Нордсјиланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА