Ферлан Менди потпиша за Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го доведе петтото засилување за новата сезона. Левиот бек на Лион, Ферлан Менди, потпиша договор до 2025 година и во наредните шест сезони ќе го носи дресот на „кралскиот клуб“. Тој официјално ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“ идната среда, на 19 јуни.

Менди во првиот обид не го мина медицинските прегледи поради болки во грбот, трансферот беше одложен за неколку дена, левиот бек на Лион беше дел од репрезентацијата на Франција на квалификациските мечеви против Турција и против Андора, а денеска го оствари најважниот чекор во кариерата.

Реал Мадрид досега ги ангажираше и Еден Азар, Лука Јовиќ, Милитао и младиот бразилски интернационалец Родриго.

Се вчитува...