Фермин Лопез ја одведе Шпанија во полуфиналето на ЛОИ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија е вториот полуфиналист на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз откако денеска во четвртфиналето славеше над репрезентацијата на Јапонија со 3-0.

Шпанците поведоа со 1-0 со голот на Фермин Лопез уште во 11. минута од мечот. На 2-0 зголеми истиот фудбалер со прекрасен гол во 73. минута. Конечните 3-0 беа дело на Абел Руиз во 86. минута.

Шпанија во полуфиналето ќе игра против Мароко кој во првото четвртфинале славеше над Соединетите Американски Држави со 4-0.

Japan U23 0 – [2] Spain U23 – Fermin Lopez 73‎'‎
byu/austinoabu insoccer

Се вчитува...