Бруно Фернандес цело лето беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ во последен момент се премислија и решија да не го ангажираат асот на Спортинг Лисабон. Португалскиот клуб се уште сака да го продаде својот капитен, па сега Фернандес преку неговите агенти е понуден на Реал Мадрид, и тоа за сума од 70 милиони евра.
„Кралевите“ се заинтересирани за Португалецот како големо засилување за средниот ред, но на Зинедин Зидан му е ставено до знаење, дека ќе мора да се продадат дел од актуелните играчи за да се отвори место во тимот за Фернандес. Пред се тука се мисли на Хамес Родригез и Герет Бејл, кои имаат богати договори, а не се дел од плановите на Зинедин Зидан.
Бејл беше стартер против Селта, но со враќањето на Азар се очекува велшкиот ас да се пресели на клупата за резерви. И Бејл и Родригез имаат огромни плати, па како опција се споменува дури и позајмица, во ситуација кога преодниот рок завршува за десетина дена. Времето изминува, а „кралевите“ ќе мораат што поскоро да отворат простор во тимот ако сакаат да го доведат Фернандес на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА