Фернандеш: Јунајтед е клуб што не треба да биде толку долго без трофеи

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш проговори за целите на англискиот тим и амбицијата на соиграчите во иднина.

Португалецот истакна дека се неопходни промени, потенцирајќи дека Јунајтед е клуб што не треба да биде толку долго без трофеи.

„Многу сум задоволен од времето поминато во клубот. Отсекогаш сум велел дека е кошмар да не се освои титула за овој клуб, затоа што навистина го посакувам тоа. Сакам да го сторам тоа за себе, но и затоа што мислам дека клубот го заслужува тоа, а пред се’ навивачите … ваков клуб не треба да биде толку долго без трофеи. Пред две недели имавме две шанси да освоиме трофеј, а сега имаме само една шанса. Мора да се бориме до крај и да се бориме за нашето место во Премиер лигата да завршиме што повисоко“, изјави Бруно за веб страната на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...