Фернандеш: Не е убаво да говориш дека фудбалерите не ти се доволнo добри или преплатени

Еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, англискиот милијардер Сер Џими Ретклиф во интервју за „Би-би-си“ говореше на повеќе теми поврзани за славниот англиски клуб притоа упатувајќи критики кон дел од фудбалерите велејќи дека не се доволно добри или пак се преплатени.

Ретклиф во тој контекст ги спомена Хојлуд, Касемиро и Онана, а интересно сите тројца се најдоа на теренот во реваншот од осминафиналето во Лига Европа против Реал Сосиедад и му помогнаа на клубот да се радува на триумф од 4-1 за пласман во следната фаза.

По натпреварот коментар за целата ситуација даде и Бруно Фернандеш, капитенот на Манчестер Јунајтед кој застана во заштита на соиграчите.

„Не е убаво да слушнете такви зборови. Никој не сака критики или коментари дека не е доволно добар или дека е преплатен. Секој играч има договор, а клубот е тој кој го потпишува, без разлика дали кога пристигнуваш во клубот или ја продолжуваш соработката. Не тебе е да докажеш колку можеш да бидеш важен за клубот.

Во овој клуб нема опуштање. Тука има високи стандарди и притисок од медиумите. Мораш да бидеш свесен за тоа и да се фокусираш на својата игра, да работиш на себе и да се обидеш да напреднеш“, изјави Фернандеш.

Се вчитува...