Манчестер Јунајтед го забележа најлошиот почеток на сезоната на домашен терен во последните 131 година, откако загуби со 3-1 од Брајтон на Олд Трафорд.
„Црвените ѓаволи“ не се претставија толку лошо на домашен терен од деновите кога тимот се уште играше под името Њутн Хит. Запрашан дали незадоволителното ниво веќе станува нов стандард за Манчестер Јунајтед, капитенот на тимот Бруно Фернандеш беше дециден дека никој од играчите не може ни да помисли дека оваа ситуација е нешто нормално.
„Не може да биде така. Ја разбирам перспективата однадвор, но не можеме да се чувствуваме удобно со овие резултати и да мислиме дека ова е во ред. Дефинитивно не е. Не сум тука за да губам натпревари и да бидам на позицијата во која се наоѓаме во моментов. Знам дека тоа важи за мене и за сите други во нашата соблекувална. Ако има некој за кого е спротивно, тој не може да биде тука“, изјави Фернандеш по шестиот пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата од почетокот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

