Фернандеш проговори за Роналдо: Не знам што има на ум…

Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш даде свој коментар за ситуацијата на неговиот соиграч и пријател, Кристијано Роналдо. Португалската ѕвезда не се појави на подготовките на Јунајтед и не замина со тимот на турнеја во Азија бидејќи сака да го напушти клубот.

Роналдо инсистира да се пресели во клуб кој настапува во Лигата на шампиони и наводно тренира индивидуално во Лисабон надевајќи се на трансфер.

Претставниците на „Олд Трафорд“ ги наведоа „семејните причини“ како изговор што го даде Роналдо.

„Единствено што го прашав кога не се појави беше дали се е во ред со неговото семејство. Ми кажува што се случува и тоа е тоа. Мораме да го почитуваме изборот на секој човек. Не знам што им порача Кристиано на клубот и на менаџерот, но да го почитуваме неговиот личен избор. Не знам што му се врти низ глава, дали сака да замине или не. Не сум го прашал такво нешто. Очигледно минатата сезона беше наш најдобар стрелец. Клубот треба да го направи својот избор, а Кристиjано треба да го направи својот“, изјави Португалецот.

Се вчитува...