Фернандеш: Солскјер и Рангник беа виновни за поразите од Брајтон и Брентфорд

Манчестер Јунајтед имаше катастрофален почеток на новата сезона во кој беа претрпени порази од Брајтон и Брентфорд. Во првиот меч од сезоната на „Олд Трафорд“ тимот загуби со 2-1, а потоа следеше дебакл на гостувањето во западен Лондон и пораз од 4-0.

Бруно Фернандеш причината ја истите ја најде во недостатокот од самодоверба на тимот, а овие натпревари ги спореди со сезоните во кои „црвените ѓаволи“ беа предводени од Оле Гунар Солскјер и Ралф Рангник.

„Се чувствуваше помеѓу нас, го чувствуваа и фановите, како да се вративме во минатото. Немавме самодоверба, како да бевме исплашени. Натпреварот со Брентфорд беше уште потрагичен. Од ништо примивме гол и ја изгубивме самодовербата, паднавме како во претходните сезони“, вели Португалецот кој продолжи да говори за германскиот стратег.

„Тој е добар тренер, но стилот на игра кој го применуваше не беше за секој. Создаде лоша атмосфера и ни ја одзеде самодовербата па се тргна по лош пат“.

По двата пораза во низа Ерик тен Хаг успеа да го препороди составот, а потоа следеа триумфи над Ливерпул, Саутемптон, Лестер и Арсенал, а Фенандеш за Холанѓанецот имаше само пофални зборови.

„Пред се има идеја. Има стил. Строг е и мораме да му ги следиме правилата. Ми се допаѓа тоа. Донесе дисциплина, нешто што ни фалеше во минатото. Тоа што го прават Пеп и Клоп со години. Тие донесоа стабилност во клубовите, знаат кои засилувања да ги донесат и тоа е многу важно“.

Се вчитува...