Бруно Фернандеш, капитенот на Манчестер Јунајтед кој во моментов е со португалската репрезентација, ја според ситуацијата во клубот со онаа во националниот тим.
Тој кажа дека состојбите се дијаметрално спротивни во едниот и во другиот табор, односно дека во Португалија атмосферата е далеку подобра.
„Манчестер Јунајтед поминува низ еден тежок период. Не победуваме, но во репрезентацијата ситуацијата е поинаква. Се чувствувам многу добро, имаме многу добра динамика. Ова е мстото каде што се чувствувам добро, уживам да играм за националниот тим“, изјави Фернандеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА