Фернандез изненади – прва победа во Мото ГП шампионатот

Раул Фернандез приреди големо изненадувајќи стигнувајќи до победата на трката за ГН на Австралија, прва за овој Шпанец во неговата кариера во Мото ГП шампионатот.

Новиот првак Марк Маркез делуваше незапирливо во голем дел од сезонава, а неговото отсуство поради тешката повреда на рамото го искористи токму Фернандез, кој со извонредна трка му ја донесе и првата победа во историјата во Мото ГП на својот тим Трекхаус, кој втора година по ред е дел од елитното друштво во Мото-спортот.

Тој славеше со една и пол секунда подобро време во однос на второпласираниот Фабио ди Џанантонини од ВР 46 тимот, додека третото место му припадна на Марко Бецеки, кој стигна до подиумот иако на оваа трка мораѓе да одработи двојна казна на долг круг поради инцидентот од пред две седмици.

Бецеки со ова одлично возење се искачи и на третото место во генералниот пласман, пред екс-шампионот Бањаја, кој повторно имаше катастрофална трка излетувајќи во финишот.

Мото ГП шампионатот продолжува веќе следниот викенд со трката за ГН на Малезија што се вози на патеката Сепанг.

Се вчитува...