Лошата сезона на Челси со кој клубот од „Стемфорд Бриџ“ одново се мачи да се искачи во горниот дел на табелата во Премиерлигата и не е ни блиску до место кое води во Лигата на Шампионите во сезоната која следи донесе гласини за незадоволство на 121 милионското засилување Енцо Фернандез.
Сепак младиот Аргентинец ги доби истите јасно ставајќи дознаење дека е задоволен и сака и во иднина да го носи дресот на славниот англиски клуб.
„Немам намера да заминам од Челси, среќен сум тука и не знам од каде започнаа гласините за заминување. Од првиот ден кога пристигнав тука имам одличен однос со соиграчите и целиот стучен кадар. Луѓето во клубот се однесуваат многу добро кон мене и навистина го почитувам тоа. Ќе останам во клубот додека тие сакаат да бидам тука“, изјави Аргентинецот.
Фернандез на вчерашниот натпревар против Кристал Палас се запиша и во листата на стрелци постигнувајќи го третиот гол за „сините“ во победата од 1-3 на гостувањето кај Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА