Возачот на Ред Бул КТМ Ајо, Аугусто Фернандез, триумфираше на 10-та трка од категоријата Мото2 на Светскиот шампионат, Големата награда на Германија.
Шпанецот на тој начин дојде до втората победа сезонава, претходно славеше во Ле Ман, а вкупно петта.
Двојниот триумф на тимот на КТМ Ајо го донесе Педро Акоста, кој низ целта мина седум и пол секунди зад својот тимски колега, а десет и пол пред Сем Лос од Марк ВДС Рејсинг. Британецот на тој начин ја прекина серијата од шест трки без пласман, бидејќи имаше пет повлекувања, а на една не стартуваше поради повреда.
Фернандез ја извози една од најдобрите трки во кариерата на истокот на Германија, бидејќи по само неколку круга успеа да се најде во првите редови, а потоа само ја зголемуваше предноста. Зад него се гледаше голема борба до самата цел, бидејќи Акоста по стартот направи голем пробив, а Лус не се предаде иако во еден момент за малку ќе ја загубеше контролата над моторот.
И покрај тоа што се откажа од трката, Виети остана на врвот на шампионатот со 133 бода, Огура има осум помалку, а го следат Фернандез со 121 и Кејн со 116.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА