Младиот Бразилец, Габриел Хесус, е новата ѕвезда на Манчестер сити и англискиот фудбал. По неговото доаѓање оваа зима, за сума од 30 милиони фунти, веднаш се наметна кај менаџерот Пеп Гвардиола и доби шанса пред Аргентинецот Серхио Агуеро. Оваа доверба ја оправда и со три постигнати гола.
Неговиот сонародник Фернандињо бил еден од клучните фактори за Габриел Хесус да се одлучи да му пристапи на Манчестер сити, иако имал богати понуди и од шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.
„Мислам дека имав голема улога во неговата одлука да дојде во Манчестер сити. Многу големи европски клубови го посакуваа, имаше конкретни понуди и од Барселона и од Реал Мадрид, но јас го советував да погледне колку 19-годишни момчиња можат да играат како стартери во нивните тимови. Тоа можеби беше и пресудно за да се одлучи за Манчестер сити, и драго ми е што има ваков убав почеток во новиот клуб“, изјави Фернандињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА