Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Бразилецот Фернандињо, нема да може да им помогне на соиграчите на утрешниот меч против Арсенал во рамките на Премиер – лигата. Тој се повреди на неделниот финален дуел во Лига – купот на Англија, кој „граѓаните“ исто така го играа против Арсенал на „Вембли“. Се пожали на болки во бутниот мускул и мораше предвреме да го напушти натпреварот.
„Фернандињо дефинитивно ќе паузира на дуелот со Арсенал, а можеби и на наредниот меч од Премиер – лигата. Но, ќе играат оние што се подготвени“, изјави Пеп Гвардиола.
Се очекува на местото на Фернандињо шанса во првиот состав да добие Илкај Гундоган, иако на неделното финале Гвардиола во игра го уфрли Бернардо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА