Фернандињо пред санкција: „Болната шега“ ги налути фановите на Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед се бесни затоа што веруваат дека игрчот на градскиот ривал Манчестер Сити, Бразилецот Фернандињо, се потсмевал на годишнината од „трагедијата во Минхен“.

Фернандињо (35) во саботата објави слики на социјалните мрежи како слави гол на тренинг трчајќи со раширени раце како авион. Заедно со објавата, која подоцна ја избриша, ги стави „емотиконите“ на авионот и експлозиите.

Имајќи предвид дека тоа го стори на 63-годишнината од авионската несреќа во која загинаа 23 лица кои беа членови на Јунајтед, постот на Фернандињо беше окарактеризиран како „болен“.

Навивачите на Јунајтед веднаш започнаа да коментираат, нарекувајќи го играчот безобразен и прост, заради срамната објава, а од Англиската фудбалска асоцијација e побарано да се покрене истрага против Бразилецот.

 

Се вчитува...