Фернандо Алонсо на антидопинг тест

На Фернандо Алонсо вчера, рано наутро му дошла неочекувана посета. Кога ја отворил вратата во 6 часот наутро, возачот на Мекларен пред себе го видел насмеан претставникот на Светската антидопинг агенција. Вработените во Агенцијата имаат право да се појават без предупредување во домот или во хотелот кај одреден спортист. Правилата ги обврзуваат сите спортисти да ја известуваат Светската антидопинг агенција за својата местоположба во целиот свет.

Алонсо кој оваа седмица има тест возења во Арагон со тимот на Тојота од Светската серија, уредно дал примерок, а потоа дури и се пошегувал на Инстаграм со неочекуваниот утрински посетител.

Двојниот светски шампион е вториот возач од Формула 1 што е подложен на допинг-тест во изминатите неколку дена. Роман Грожан во понеделникот исто така бил разбуден во 6 часот наутро од претставник на Светската антидопинг агенција.

Досега Формула 1, како ретко кој друг спорт,  има чисто досие што се однесува до допинг тестовите, но независно од тоа, проверките се зачестени и кај возачите во Ф1. Даниел Рикјардо сподели дека бил тестиран на допинг во својот дом на Божик.

Се вчитува...