Фернандо Алонсо од 2025 година ќе вози за Мерцедес?

Заминувањето на Луис Хамилтон од Мерцедес во 2025 година и неговиот премин во Ферари ќе претставува огромен удар за амбициите на  британскиот тим во Формула 1 шампионатот со оглед на достапноста на возачите на „маркетот“.

Оние од врвна класа како Макс Ферстапен, Ландо Норис, Шарл Леклер.. се врзани за своите тимови па Мерцедес ќе мора да најде алтернативно решение. Според информациите на британските медиуми шефот на тимот, Тото Волф размислува за две опции – или да даде шанса на млад талентиран возач или пак да се одлучи за опција на искусен возач кој би бил конкурентен само неколку сезони.

Како решение во втората опција се споменува двократниот шампион Фернардо Алонсо чиј договор истекува на крајот на престојната сезона, oпција која не ја доби и самиот Волф.

„До неодамна не ни помислував дека Луис ќе ми каже дека ќе вози за Ферари следната година. Затоа не би отфрлил ништо во Формула 1. Возачите одлучуваат да возат за тим или не. Тоа е зошто не би отфрлил апсолутно ништо во ниеден момент“, изјави Волф.

Се вчитува...