Љубителите на најбрзиот шампионат во светот, Формула 1 се подготвуваат за крај на една ера. 43-годишниот Фернандо Алонсо ги вози последните сезони од легендарната кариера, а крајот би можел да биде во 2026 година, открива неговиот агент.
Говорејќи за медиумите за престојните предизвици неговиот менаџер Флавио Бријаторе изјави дека крајот би можел да биде по завршувањето на новиот договор кој го потпиша со Астон Мартин, но дотогаш сака да биде конкурентен и да се бори и за највисок пласман.
„Ако ме прашувате мене Фернандо сака да го исочитува и да го заврши договорот, а сега нашата последна година е 2026. Што потоа не знам. Дали ќе продлжи уште една сезона по тоа? Формата е тука го видовте. Нема дилема за неговата концентрација за време на трките, таа секогаш е тука. Ако е 11. сака да биде десетти, ако е десетти сака да биде деветти.
Сака и болидот да биде конкурентен, да се трка за подиум. Добро вози и не знам дали ќе престане во 2026 година. Доста од тоа зависи какво чувство ќе има по таа сезона. Но тој никогаш не се откажува, тој е неверојатен“, вели Бријаторе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА