Двојниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, изјави дека си поставил цел да победи на трите најпрестижни трки во мотоспортот – ГП во Монако, Инди 500 и 24 часа Ле Ман.
Возачот на Мекларен годинава ќе ја пропушти трката во Ф1 за ГП Монако за да настапи во Инди 500. Но, Шпанецот вели дека има планови и за Ле Ман.
„Многу сум возбуден што ќе се натпреварувам со Мекларен, Хонда и Андрети. Инди 500 е едно од најпрестижните натпреварувања во мотоспортот, заедно со 24 часа Ле Ман и трката за ГП во Монако“ – вели Фернандо Алонсо.
Шпaнецот истакнува дека со нетрпение го очекува настапот во Инди 500 и подготовките за оваа трка која за него е ново искуство.
„Сум гледал многу трки од Индикар на телевизија и знам дека ова натпреварување бара голем прецизност за да можеш да возиш релативно блиску до другите автомобили движејќи се со брзина од 350 км/ч. Знам дека пред настапот ќе треба да научам многу работи и затоа веднаш по трката за ГН на Шпанија ќе заминам во Индијанаполис за да тренирам со нашиот Мекларен-Хонда-Андрети автомобил на Инди од 15 мај. Сметам на момците од Андрети Аутоспорт затоа што знам колку се добри во својата работа. За мене ќе биде голема чест да се натпреварувам со нив. Од Монако имам две титули, но голема амбиција ми е да ја освојам тројната круна – ГП Монако, Инсијанаполис 500 и 24 часа Ле Ман. Тоа е тежок предизвик, но јас сум подготвен да се обидам. Не знам кога ќе стигнам до Ле Ман, но имам намера еден ден да го направам и тоа. Има време, имам само 35 години“ – вели Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА