Фернандо Алонсо на крајот од оваа сезона ќе стави крај на својата кариера во Формула 1, откако денеска обелодени дека од 2019 повеќе нема да биде дел од „летечкиот циркус“. Повеќекратниот Ф1 првак во последните години настапуваше во неконкурентни болиди со кои беше далеку од битката за титулата, па 37-годишниот Шпанец увиде дека нема пред себе повеќе амбиции во овој спорт.
„По 17 прекрасни години во овој фантастичен спорт, време е за промена. Уживав секоја минута од сите овие сезони и не можам доволно да им се заблагодарам на сите оние кои придонесоа целата приказна да биде толку специјална. Има уште неколку трки до крајот и јас ќе учествувам во нив со истата посветеност, со истата страст, како и секогаш. Ќе видиме што носи иднината, некои возбудливи предизвици сигурно се пред мене“ – изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА