Шпанскиот интернационалец Фернандо Торес е на прагот на заминување во МЛС – лигата на САД, но, сепак, не се отфрла можноста и за повторно да се врати на Островот. Тој одново би можел да соработува со Рафаел Бенитез и да го облече дресот на Њукасл.
Искусниот напаѓач соработуваше со Бенитез во Ливерпул, беше дел и од Челси во Премиер – лигата, а сега има понуда да го облече дресот на Њукасл. Покрај Њукасл, и Чикаго фаер, за Фернандо Торес постои интерес и од Глазгов Ренџерс, чиј нов тренер е Стивен Џерард.
Комерцијално видео
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА