„Ел Нињо“, миленикот на фановите на Атлетико Мадрид, ќе си замине од клубот на крајот од сезоната. Тој вели дека во некои идеални услови, тој би сакал да ја заврши кариерата во овој клуб, но чувствува дека може уште да му даде на фудбалот, а можеби дресот на Атлетико Мадрид ќе стане и „претежок“ за него.
„Ова секогаш ќе биде мојот клуб. Мојот сон беше да заминам во пензија како играч на Атлетико Мадрид, но соништата секогаш не се остваруваат во реалноста. Сакам и понатаму да играм фудбал, а на Атлетико Мадрид му се потребни свежи сили, помлади фудбалери и јас со радост ќе го отстапам моето место. И секогаш, каде и да сум, ќе навивам за Атлетико Мадрид, сеќавајќи се на секој миг поминат во клубот. Не знам каде ќе одам по завршувањето на сезоната, но знам дека се уште можам да играм и тоа ќе го правам се додека се чувствувам среќен“, изјави Фернандо Торес.
Тој од 2001 до 2007 година беше член на Атлетико Мадрид каде и се прослави, потоа играше за Ливерпул и за Челси, како и за Милан на позајмица, по што повторно се врати во својот матичен клуб во 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА