Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, на крајот од сезоната ќе си замине од клубот, а негова следна дестинација треба да биде МЛС – лигата на САД. Тој е во завршни преговори со Чикаго фаjр. Раководните луѓе на овој клуб допатувале во Мадрид и се очекува во наредните неколку дена и дефинитивно да биде договорена зделката.
Тренер на Чикаго е поранешниот соиграч на Торес од Атлетико Мадрид, Србинот Вељко Пауновиќ. На негово инсистирање и ќе се реализира трансферот на Фернандо Торес.
Последна ѕвезда која замина во САД е шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ, кој потпиша за ЛА галакси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА