Ферстапен: Ако го возиш ти мојот болид, веројатно ќе се по*ереш во него

Макс Ферстапен имаше многу интересен коментар по освојувањето на пол-позицијата пред трката за Големата награда на Јапонија во Формула 1.

Холанѓанецот беше прашан како се чувствува кога го вози болидот на Ред Бул до крајни граници.

„Ако можеби сакаш да го возиш болидот, ќе ти го дадам, но мислам дека ќе се по*ереш во него. Не знам дали е дозволено ова да се каже ова на прес-конференција?“, изјави со насмевка четирикратниот Ф1 шампион. 

Трката за големата награда на Јапонија е закажана за утре во 7 часот по средноевропско време.

Се вчитува...