Поранешниот Формула 1 возач, Јос Ферстапен, таткото на трикратниот и актуелен шампион на шампионатот, Макс Ферстапен изјави дека првиот човек на екипата, Кристијан Хорнер мора да го напушти Ред Бул.
Хорнер се најде во средина на скандал со недолично однесување, а и покрај тоа што Ред Бул по завршената интерна истрага утврди дека не случило ништо спорно, Ферстапен верува дека доколку тој не замине од тимот истиот ќе се распадне со оглед на тензијата која е присутна.
„Ќе постои тензија се додаде Кристијан е дел од Ред Бул. Екипата може да се распадне додека тоа е случајот, да експлодира. Не може да продолжи вака. Хорнер игра улога на жртва, а вистината е дека тој прави проблеми“, изјави таткото на актуелниот шампион за британските медиуми.
Според холандските медиуми Хорнер има целосна доверба од сопственикот на Ред Бул и затоа не е сменет од функцијата шеф на шампионскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА