Ферстапен: Болидот е фантастичен, навистина уживам

Актулениот шампион на Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен и втората Голема награда во сезоната ќе ја започне од пол-позицијата откако квалификациите во Саудиска Арабија ги заврши со најбрзо време од 1:27.472, остварувајќи 34. пол-позиција во кариерата.

Холанѓанецот не го криеше задоволството од прикажаното во квалификациите, но во исто време е и претпазлив за самата трка.

„Многу добар ден засега. Го подобривме болидот вчеравечер и тоа ми даде самодоверба со голема брзина да ги напаѓам корнерите. Лудо е колку брзо може да возите тука во квалификациите. Болидот е одличен и навистина уживав денеска. Сепак може многу работи да се случат тука, има многу правци за претекнување, но верувам дека ќе имаме добар пејс и на трката“, вели Ферстапен.

Се вчитува...