Ферстапен до пол-позиција на спринтот во Остин

Четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за спринт трката на големата награда на Тексас која се вози во Остин.

Возачот на Ред Бул до пол-позицијата стигна со одличен круг во квалификациите и на денешниот спринт ќе тргне пред двоецот од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Во топ 10 во спринт квалификациите се најдоа и: Хулкенберг, Расел, Алонсо, Сајнц, Хамилтон, Албон и Леклер.

Спринт трката е закажана за вечерва со почеток во 19 часот, додека квалификациите за главната трка ќе бидат во 23 часот.

Се вчитува...