Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ќе стартува на пол-позицијата на трката за Големата награда на Абу Даби, откако денеска во квалификациите извозе најбрзо време на патеката „Јас марина“.
Од првиот ред заедно со Холанѓанецот, ќе стартува неговиот клупски колега Серхио Перез, додека од вториот ред ќе тргне двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Сајнц.
Во топ 10 уште се и: Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Ландо Норис, Естебан Окон, Себастијан Фетел и Даниел Рикардо.
Трката за големата награда на Абу Даби на програмата е утре со почеток во 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА