Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата на трката за големата награда на Мајами. Ферстапен до првото место стигна пред Ландо Норис од Мекларен и младиот Кими Антонели во Мерцедес.
Во топ 10 се најдоа уште и: Пјастри, Расел, Сајнц, Албон, Леклер, Окон и Цунода.
Нов кикс направи Луис Хамилтон кој не помина К2 и утре ќе стартува од 12 позиција на стартниот грид.
Главната трка за Големата награда на Мајами е закажана за утре со почеток во 22 часот по централно европско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

