Ферстапен до пол-позицијата за големата награда на Јапонија

Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен во Ред Бул е освојувач на пол-позицијата за Големата награда на Јапонија, која се вози на патеката Сузука.

Ферстапен до првото место во квалификациите на Сузука стигна пред двоецот на Мекларен, Ландо Норис и Оксар Пјастри.

Заедно со Пјастри од вториот стартен ред ќе тргне Шарл Леклер во Ферари. Во топ 10 уште се најдоа и: Расел, Антонели, Хаџар, Хамилтон, Албон и Берман.

Tрката за ГН на Јапонија е закажана за утре од 7 часот по средноевропски време.

Се вчитува...