Макс Ферстапен охрабрен по фантастичната победа во Германија минатиот викенд продолжи во извонреден стил и на денешните квалификации за пол-позицијата за ГН на Унгарија. Возачот на Ред Бул извозе феноменално и оствари најдобро време, за своја прва пол-позиција во кариерата. Воедно, ова е прва пол-позиција за болид со мотор на Хонда по пауза од цели 13 години.
Мерцедес досега доминираше во квалификациите, но овојпат „сребрената стрела“ мораше да се задоволи со пониските места на пиедесталот. Валтери Ботас извозе одличен последен круг, но и тоа беше недоволно да се стигне до првата позиција. Финецот утрешната трка ќе ја стартува од второто место, пред актуелниот светски првак Луис Хамилтон.
Зад него ќе се најдат двајцата возачи на Ферари, Леклер на четвртата и Фетел на петтата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА