Макс Ферстапен, четирикратниот светски шампион потврди дека и во 2026 година ќе биде дел од Ред Бул. Една дилема е решена, а сега се поставува прашањето кој ќе биде неговиот партнер?
Јуки Цунода е во очајна форма и сосема сигурно дека нема да добие нов шанса од австрискиот тим, исто како и Лијам Лосон кој сезоната ја започна зад воланот на Ред Бул, но по лошите трки беше префрлен во сестринскиот тим Рејсинг Булс.
Според изворите на ЕСПН, партнер на холандскиот возач престојната сезона ќе биде Исак Хаџар, 20-годишниот Французин кој во дебитантската сезона прикажа одлично возење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

