Макс Ферстапен следната сезона ќе има нов партнер во Ред Бул. Тоа ќе биде францускиот возач Исак Хаџар кој ќе биде прекомандуван во Рејсинг Булс, промена која ќе биде трета во трофејниот австриски клуб по заминувањето на Перез.
Овој потег воедно значи дека без место во Формула 1 по пет години ќе остане Јуки Цунода кој пристигна како замена во Ред Бул во текот на сезоната, но не успеа да го покаже својот потенцијал, покажувајќи класа која не беше ни блиску до онаа на Холанѓанецот.
Местото на Хаџар во Рејсинг Булс ќе го пополни Арвин Линблад кој заврши како седми во предокот во Формула 2 шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

