Се почесто се пишува дека Макс Ферстапен го напушта Ред Бул, а сега се појавија и нови гласини.
Астон Мартин сака да го доведе од Ред Бул Рејсинг и го подготвува најбогатиот договор во историјата на овој спорт кој ќе вреди 264 милиони евра за периодот од 2026 до 2028 година.
Како што пишува „Газета дело спорт“, Холанѓанецот одлучил да го напушти Ред Бул на крајот од оваа сезона. Моментално заработува 50 милиони евра по сезона, а доколку ја прифати оваа понуда неговата годишна заработка би се искачила на 88 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА