Актуелниот трикратен светски шампион, Макс Ферстапен стигна до нова победа сезонава во Формула 1 шампионатот, откако утрово беше доминантен на трката за Големата награда на Кина.
Холанѓанецот во Ред Бул по вчерашната победа во спринт-трката денеска доминантно стигна и до победата во главната трка пред возачот на Мекларен, Ландо Норис, додека подиумот го надополни вториот возач на австрискиот тим, Серхио Перез.
Во топ 10 уште се најдоа и: Шарл Леклер, Карлос Сајнц, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Оскар Пјастри, Луис Хамилтон и Нико Хулкенберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА