Макс Ферстапен стигна до нова победа сезонава во Формула 1 шампионатот, откако денеска славеше на спринт трката за големата награда на Мајами.
Стартот на спринт трката донесе вистонско возбудување во кое учествуваа двајцата клупски колеги од Астон Мартин, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, а покрај Строл дебелиот крај го извлече и Ландо Норис од Мекларен, па двајцата не ја завршија трката, а на патеката излезе возилото за безбедност.
По повторениот старт немаше никакви проблеми,а па останатите 18 болиди тргнаа во трка за бодовите во спринтот. Ферстапен стигна до лесна победа, додека второто место му припадна на Шарл Лелкер во Ферари. Подиумот го надополни вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.
Во бодови завршија и: Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Оскар Пјастри, Нико Хулкенберг и Луис Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА