Макс Ферстапен стигна до нова доминантна победа во Формула 1 шампионатот, откако денеска од самиот старт со доминантно и сигурно возење стигна до победа на трката за големата награда на Катар која се вози во Доха.
Холанѓанецот иако поради вчерашната казна стартуваше од второто место на гридот, сепак веднаш го помина Расел и на крајот само ја исконтролира целата трка. Второто место му припадна на Шарл Леклер во Ферари, додека подиумот го надополни Оскар Пјастри на Мекларен.
Ландо Норис поради казна на крајот заврши на десеттата позииција, додека во топ 10 друштво уште му правеа и: Расел, Гасли, Сајнц, Алонсо, Жу и Магнусен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА