Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата на трката за големата награда на Јапонија откако на денешните квалификации на патеката Сузука на доминантен начин стигна до првото место.
Друштво од првиот стартен ред на актуелниот шампион во Формула 1 ќе му прави Оскар Пјастри во болидот на Мекларен. Од вториот стартен ред ќе тргнат вориот возач на Мекларен, Ландо Норис и Шарл Леклер во Ферари. Во топ 10 уште се најдоа и: Сајнц, Хамилтон, Расел, Цунода и Алонсо.
Трката за големата награда на Јапонија е закажана за утре со почеток во 7 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА