Макс Ферстапен е победник на трката за ГН на Азербејџан откако актуелниот светски првак извозе перфектно низ улиците на Баку и заслужено се искачи на највисокото место од пиедесталот.
Трката ја одбележа катастрофалниот старт на лидерот во генералниот пласман, Оскар Пијастри, кој веќе во првиот круг излета и му остави простор на тимскиот колега Ландо Норис да му се приближи посериозно во генералниот пласман. Тоа сепак не се случи откако Норис извозе потпросечна трка, имаше проблеми и со болидот, па на крајот едвај стигна до седмата позиција.
Ферстапен немаше такви проблеми, холандскиот возач доминираше на патеката, не дозволувајќи им на ривалите ниту за момент да се понадеваат на сензација. Ова беше првпат сезонава Ферстапен да врзе две победи во низа во Формула 1 шампионатот, вкупно четврта за асот на Ред Бул во 2025 годиа.
Зад него, второто место му припадна на Џорџ Расел, а третопласиран заврши Карлос Саинц, за кого ова беше прв подиум како возач на Вилијамс. На четвртата позиција заврши Кими Антонели, пред Лијам Лосон на петтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

